Фото: поглед кон главниот дел од фабриката на Фероникели
Дренас, 23.10.2017. Денес, Логин Системи и NewCo Ferronikeli Complex (скратено FNK или Фероникели) од Косово, објавуваат дека започнаа со надградување на ERP системот од верзијата Dynamics NAV 2009 кон Dynamics NAV 2017. Со овој договор, менаџментот на Фероникели очекува проширување на системот со нови функционалности кои ќе ја подобрат продуктивноста и ќе обезбедат аналитички извештаи во реално време. Системот ќе биде компатибилен со системите на другите членки од групацијата Cunico Resources.
„Постоечкиот тим на Логин Системи за Dynamics NAV покажува многу поголемо ниво на одговорност и проактивност давајќи ни идеи и алатки како да го организираме производството и како да ги подобриме деловните процеси “, вели Pratik Jain, главен финансов менаџер (CFO) во Фероникели. „Со најновата верзија Dynamics NAV 2017, ние ќе воведеме неколку нови програмски функционалности и ќе ја рационализираме постоечката имплементација со што ќе ни се овозможи значително да ги намалиме трошоците“.
Фероникели се состои од реновирана фабрика за производство на феро-никел и минерални наоѓалишта во Drenas, Kosovo. Компанијата е еден од првите клиенти на Логин Системи кои користат Dynamics NAV повеќе од една деценија. Новата импементација на Dynamics NAV 2017 е планирана да биде завршена до крајот на оваа година. Со овој проект, Фероникели исто така ќе го замени својот лиценцен модел на Dynamics NAV од базиран на трајни (Perpetual) лиценци во модел базиран на месечна претплата (Subscription).
„Mногу сме возбудени затоа што ќе работиме со Фероникели на новиот систем”, вели Венко Глигоров, проект менаџер на Логин Системи. „Вработените во Фероникели се полни со знаење и секогаш однапред спремни со сугестии и идеи, па тaка преку самиот процес на имплементирање и ние ќе ги подобриме нашите способности и знаења - и тоа ќе биде придобивка за двете страни“.
Фероникели е во сопственост на Cunico Resources NV (Cunico Resources, Cunico) со седиште во Холандија. Cunico Resources N.V. е интернационална компанија за рударство и метали и специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел. Таа е најголем производител на феро-никел во Европа и четврт најголем производител во светот. Повеќе информации има на www.cunicoresources.com.
Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.
Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.
Commenti