Скопје, 22.03.2021. Логин Системи, провајдерот за бесплатна пресметка на плати и сметководствено-консултативното биро Каровска ДООЕЛ објавуваат дека во тек е регистрацијата за онлајн тренингот за пресметка на бруто и нето плати што ќе се одржи на 31 март 2021 година. Онлајн тренингот (вебинарот) ќе трае еден час и половина со почеток во 17 часот.
Предавачи на вебинарот се Мери Каровска, овластен сметководител и сопственик на смтководствено-консалтинг биро Каровска ДООЕЛ и Венко Глигоров, автор на веб апликацијата за пресметка за плати и со-сопственик на Логин Системи.
Котизацијата за учество чини 354 денари со вклучен ДДВ, а за првите десет пријавени учесници е бесплатно. Подетални информации и пријавување се прави на страницата https://www.loginsystems.biz/events/vebinar-presmetka-na-plati-2021.
Каровска ДООЕЛ од Скопје е лиценцирана компанија за сметководствени, консалтинг и едукативни услуги од областа на финансиите и сметководството, значи сметководство, консалтинг и финансиски едукации. Повеќе информации на https://karovska.mk/.
Логин Системи е софтверски провајдер на сметководствено-деловни системи за средни фирми. Своите решенија ги базира на светски-распространетиот Microsoft Dynamics 365 Business Central (поранешен Microsoft Dynamics NAV или Navison).
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТИ КУПОНОТ ЗА БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО
Се избира количина на билети. На пример, еден билет. Приказ на сликата подолу.
Потоа се кликнува на копчето Checkout.
Се става кодот WBPLATI во назначеното пола како на сликата подолу.
Износот за плаќање станува Нула. Кликнувате на копчето Продолжи.