Скопје, 25.08.2017. Денес, Логин Системи објавува дека отвори нов YouTube канал на македонски јазик за содржини поврзани со Microsoft Dynamics NAV 2017. Од септември оваа година фирмата планира редовно да креира и објавува видео сесии со показни вежби за користењето на ERP во деловното работење. Уредник на каналот е Логин Системи, овластен провајдер на решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV.
„Ќе продолжиме да објавуваме текстуални колумни и статии за функционалности на Dynamics NAV во различни деловни околини и за различни потреби“, изјави Венко Глигоров, проектен менаџер и архитект за Dynamics NAV во Логин Системи. „Трендот е корисниците да користат видео содржини во својата едукација и надополнување на знаењата и бидејќи нема локални содржини се одлучивме да отвориме видео канал на YouTube.“
Интензитетот на објави на Јутјуб каналот ќе зависи од интересот и прегледите. На корисниците на располагање им е и форумот на Логин Системи кадешто има повеќе рубрики поврзани со ЕРП и менаџмент.
Новиот канал се наоѓа на адресата
Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.
Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.
Comments