top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

LSM Service Plus App: Проширување на Business Central за сервисни центри во Македонија

MSD365BC.png

Логин Системи објавува лансирање на LSM People App за Microsoft Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

LSM Retail App на Microsoft AppSource: Малопродажба за Business Central

MSD365BC.png

Македонската локализација за Microsoft Dynamics 365 Business Central сега е во живо на Microsoft AppSource!

функционалности

МК локализација

ПОС апликација за ресторани, кафулиња и малопродажба

Опциона МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Dynamics NAV поддржува малопродажни продавници и ПОС решенија за работа со малопродажни...

пишува:

Angel Face

Автор

22.09.2018

Notebook and Fountain Pen

категории

ПОС апликација за ресторани, кафулиња и малопродажба

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Бизнис за нега на вода ја оптимизира продуктивноста на тимот за повисоки приходи со Dynamics 365 Business Central

LSM Service Plus App: Проширување на Business Central за сервисни центри во Македонија

Логин Системи објавува лансирање на LSM People App за Microsoft Dynamics 365 Business Central

LSM Retail App на Microsoft AppSource: Малопродажба за Business Central

Нови апликации на Логин Системи одобрени од Microsoft

Blue Marine Foundation заштедува време и пари со автоматски извештаи во Dynamics 365 Business Central

Andretti Indoor Karting & Games забрзува кон проширување со Business Central

Македонската локализација за Microsoft Dynamics 365 Business Central сега е во живо на Microsoft AppSource!

Бесплатна пресметка на плата за 2025 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Македонска локализација, превод и подобрувања на Business Central - флексибилни аппови на Логин Системи

MakasIT.gif

Updated: Sep 22, 2018


Опциона МК локализација за Microsoft Dynamics NAV


ПОС апликација за ресторани, кафулиња и малопродажба

Dynamics NAV поддржува малопродажни продавници и ПОС решенија за работа со малопродажни цени како што се бара во Македонија. Поддршката ја овозможува македонската локализација и надополнувањат на Логин Системи. На Dynamics NAV може да се прикачат ПОС апликации кои се поврзуваат со фискалните принтери и формираат ПОС каси.

Надополнувањата и подесувањата што ги прави Логин Системи се однесуваат на книгата за трансакции на артиклите, пописот во продавница, производството, трансферите на артиклите од магацин во продавница, формирање на цени и обратно како и за потребните извештаи што ги бара законодавачот.

ПОС апликацијата на Логин Системи е со едноставен изглед но има моќни опции за брза и конформна работа на корисниците. Тие може да користат тачскин монитори или глувче со тастатура. Исто така, ако производите имаат бар-кодови, може да се користат бар-код читачи. Подолу се прикажани неколку екрани од апликацијата што е во функција во ланецот на ресторани: Мекиците од Стража.

Слики од повеќе екрани на апликацијата за ПОС каси

Екраните може да се прилагодуваат на барањата на корисникот или на самиот бизнис.

ПОС касите се поврзуваат со централниот Dynamics NAV преку локална мрежа или Интернет. За таа цел, Логин Системи направи конектор со кој податоците од ПОС решенијата за фискални каси ќе можат да се префрлуваат во NAV.


Шема на ПОС и Dynamics NAV

Покрај поврзувањето на ПОС апликацијата со НАВ за префрлување на сметките, конекторот овозможува моментална синхронизација на податоците од НАВ кон касата. Оваа синхронизација се употребува за одредување на продажните цени на артиклите во продавниците на централно место во НАВ кои веднаш (или на одредено време од корисникот) се пренесуваат во продавниците. Конекторот овозможува и пренесување на претходно креираните кампањи за цени и попусти од НАВ на ПОС локациите.

Различни групи на купувачи може да имаат различни услови на набавка во поглед на цени и начин на плаќање во НАВ и со помош на конекторот истите се пренесуваат до сите локации.

 

Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.


Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)

Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.

Microsoft Dynamics NAV (од оваа година и под називот Dynamics 365 Business Central) е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

Comments


Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page