Ја изградивте вашата компанија од темел, претворајќи една идеjа во вистински бизнис. Иако имате вработени за менаџирање на различни аспекти од секојдневните операции, неопходно е да бидете поврзани со одлуките и активностите кои ги презема вашата компанија.
За многу сопственици на мали и средни бизниси, тоа значи долго останување во канцеларија, често на сметка на личниот и семеен живот. Што ако може да биде поинаку?
Како да заминете без да го оставите вашиот бизнис? Замислете си како би се променил вашиот стил на работа (и плановите за одмор), ако би можеле поедноставно да управувате со ланецот на снабдување и залиха, да одобрувате фактури или да ги забрзате нарачките на клиентите додека сте во движење? Вашето време е скапоцено, и затоа со алатки за продуктивност и деловни податоци на дофат на рака, вие и вашиот тим можете да работите поефикасно внатре и надвор од канцеларијата.
Понекогаш реалноста е таква да не ви дозволува целосно да се исклучите од работењето, но тоа не значи дека треба да останете врзани за вашето работно место за да бидете продуктивни. Замислете си, неприметливо да бидете поврзани со вашиот тим и вашите деловни податоци со било кој уред, виртуелно, онаму каде што се наоѓате.
Бизнисот е изменет денес. Во текот на изминатата деценија, мобилноста стана важна алатка за малите и средни бизниси во зголемување на продуктивноста на вработените и во нивното поврзување со клиентите. Прогнозите дека повеќе од една третина од вкупната глобална работна сила ќе биде мобилна во 2015 година (IDC Infographic, Rise of Mobility, 2014), укажуваат дека мобилноста повеќе не претставува посебна грижа. Таа е суштински дел од тенденцијата да бидеме конкурентни во бизнисот и да имаме задоволни и среќни вработени.

Со сигурен и неприметлив пристап од секој уред до податоците од вашиот сметководствен софтвер (ERP) и решението за управување со корисници (CRM), вие добивате целосно мобилизирана работна сила која може да одговори на прашања на клиенитите во реално време навремено. Истовремено, вашиот тим може да соработува и да ги споделува деловните сознанијата за корисниците по додека е на патување. А вие пак можете да управувате со вашите финансии и други опреативни активности и да го поминете вашиот одмор надвор од канцеларијата.
Доверлива платформа за мобилност. Деловните решенија на Microsoft и Microsoft Cloud овозможуваат, не само да направите повеќе, туку и да постигнете повеќе. Многу мали и средни компании ги користат деловните решенија на Microsoft за да ги трансформираат своите ИТ операции и да ги подобрат секојдневните интеракции со корисниците.
North South Wines, брзо растечки увозник на вино, за управување на паричниот тек и залихата користи бизнис систем базиран на cloud технологијата. Тој му овозможува на големиот продажен тим далечински пристап на потребните деловни податоци за одличен сервис на клиентите. На пример, им овозможува да донесуваат навремени одлуки базирани на достапните податоци за продажба и залиха, да ги препознаваат трендовите и навремено да ги испорачуваат на своите клиенти.
Друга компанија која ја ползува мобилноста со помош на Microsoft деловните решенија е компанијата Bounce Foods. Со помош на тоа решение, членовите на тимот можат да добијат навремени информации за проекциите на ресурсите од мобилен уред , кои потоа можат да ги споделат со своите клиенти со цел да се постигне интерактивна и ажурна соработка на терен. Со тоа се постигнува подобра ориентација на деловните процеси, тимот е поефикасен и пофокусиран, независно од тоа каде се лоцирани.
Што треба да направите пред да заминете на одмор? Деловните решенија на Microsoft ви помагаат да останете поврзани и продуктивни така што ќе ја носите вашата канцеларија со вас каде и да одите. Истражете го Microsoft Dynamics for small and midsize businesses и превземете го Cloud Productivity and Mobility e-book за да се инфромирате како да ја зголемите продуктивноста и мобилноста на вашите вработени.
Извор: Microsoft (адаптација од Логин Системи)
Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.
Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.
Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
Comments