Dyn365 BC Суштински корисник (месечна претплата)
Со оваа лиценца се дава право за пристап на серверското решение Dynamics 365 Business Central и користење на сите функционалности освен Сервис и Напредно производство.
ИНФОРМАЦИИ
Лиценцата дава право едно именувано лице (корисник) да пристапува на базата Business Central. Лиценцата се изнајмува и плаќа месечно.
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
Со лиценцата може да се инсталира клиентски софтвер кој ќе се прикачува на серверското решение Business Central. Користењето на решението може да биде преку апликацијата на десктоп компјутер (Windows), мобилен телефон (iOS или Android) и/или таблет (iOS или Android).
ПОТРЕБНИ ПРЕДУСЛОВИ
За да се користи лиценцата потребно е претходно да се избере сервер на кој ќе биде инсталирано серверско решение Business Central со македонска локализација. Серверот може да биде кај корисникот или да биде хостиран.
ШТО НЕ СОДРЖИ
Лиценцата не содржи, а треба да се земе во предвид:
- ДДВ од 18%
- Инсталирање и конфигурирање кај корисникот
- Дополнителни специфични-за-корисникот модификации надвор од предвидените функционалности и конфигурирања (не е задолжително)
Дополнителни информации
Во случај корисникот сака да ја плати лиценцата однапред наместо да ја изнајмува, се избира трајна лиценца (perpetual).