top of page

Dynamics NAV / 365 Business Central - Документ Функционални барања (1 седмица)

Подлабок ангажман на Логин Системи за да се утврдат барањата и да се направи преглед на процесите во организацијата. Во рок од една седмица ќе се организира работилница, ќе се опфатат подетални интервјуа по оддели во фирмата, и ќе се изработи документ со Функционални барања.
 
Во процесот ќе се оди според познатата проектна методологија Microsoft Dynamics SureStep.

Dynamics NAV / 365 Business Central - Документ Функционални барања (1 седмица)

Dynamics NAV / 365 Business Central - Документ Функционални барања (1 седмица)

€1.950,00Price
Excluding Tax |

Подлабок ангажман на Логин Системи за да се утврдат барањата и да се направи преглед на процесите во организацијата. Во рок од една седмица ќе се организира работилница, ќе се опфатат подетални интервјуа по оддели во фирмата, и ќе се изработи документ со Функционални барања.

 

Во процесот ќе се оди според познатата проектна методологија Microsoft Dynamics SureStep.

  • АГЕНДА И ЦЕЛИ

    • Да се потврди дека процесите и барањата може да се имплементираат со Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central
    • Да се утврдат ризичните области кадешто специфичните барања на корисникот не се подудараат со функционалностите на Dynamics NAV / 365 Business Central
    • Да се постигне доверба во изборот на решението пред да се тргне во поскапите фази од имплементацијата

     

  • ИСПОРАКИ

    • Документ „Функционални барања“ кој ќе ги вклучува сите наоди поврзани со целосната стратегија, функционалностите, миграцијата на податоците, тренингот и евентуалните интеграции со други системи/процеси потребни за новото ЕРП решение
    • Груба проценка за чинењето на лиценцирањето на Dynamics NAV / 365 Business Central и услугите потребни за поставување на ERP решението во вашата организација

     

    Областите кои ќе бидат покриени се во доментот на Dynamics NAV Starter Pack односно Dynamics 365 Business Central Essentials. Тоа значи дека вклучува сметководство и финансиски менаџмент, продажба, набавки и магацинско работење

     

  • УСЛОВИ

    Во износот не се вклучени евентуалните дополнителни трошоци за патување, сместување, материјали и слично ако надминуваат износ од 50 евра. 

     

    Ако корисникот се определи за имплементација на ЕРП решение од Логин Системи, Логин Системи ќе го рефундира износот од котизацијата на оваа услуга од вкупниот износ на имплементацијата на Dynamics NAV / 365 Business Central.

     

    Во износот на оваа услуга не е пресметан ДДВ од 18% кој се додава на износот при фактурирање. 

Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот.
 
Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија).
Потсетување: Порано Dynamics NAV се викаше Navision, а најновиот назив е Microsoft Dynamics 365 Business Central.

Поврзани производи

Product LS

12

Ако поинаку не е наведено, цените се без влучен ДДВ кој изнесува 5% за софтверот, а 18% за услугите. Го задржуваме правото на промена на цените или производите без претходна најава. 

Сакаш помош? Избери од нашите консултантски услуги и воспостави брзо ERP систем во твојата организација.

bottom of page